Електрон ББ

Историјат на
Електрон ББ

Започнавме со работа во далечната 1964 година под името Електрон-Сервис, фирма со основна дејност – продажба и сервисирање на термо и разладни уреди. Ребрендирањето во сегашниот формат Електрон ББ се случи во 2005 година поради потребата на клиентите за проширување на дејноста, како и нашата подготвеност да се носиме со светските трендови на работење на фирми од ваков тип.

Денес, Електрон ББ во дејноста на своето работење вклучува:  продажба на клима уреди и резервни делови на клими, сервис и монтажа на клима уреди, винклување на електро мотори, одржување на улично осветлување со сопствено возило со дигалка до 13 метри, како и продажба на апарати за бела техника во продавницата која се наоѓа на адреса “8 Септември” бр.108, 1400 Велес.

Посебно сме горди поради разноликоста на системите на ладење и греење и брендовите кои ги работиме! Почнувајќи и акцентирајќи ги климите со стандарден сплит систем, инвертер сплит систем, мобилни клими, како и понапредни решенија за индустриски објекти мулти сплит системи и топлотни пумпи, од брендовите VIVAX, DAIKIN,TOSHIBA, PANASONIK, CARRIER, HISENSE, HAIER и NEO.

Електрон ББ им овозможува на своите клиенти најдобри можни решенија за нивните проблеми и дефекти. Очекувањата на клиентите за нас се предизвик кој успешно го остваруваме преку обезбедување на висок квалитет на услугата во краток временски период, бидејќи времето е важно и пресудно за клиентите.

Веруваме дека секој проблем може да се реши со тим кој ефикасно и брзо ја извршува задачата. Затоа, посебно сме горди со нашиот тим!